Пред големата награда на Австрија која ќе се одржи на 5. јули возачот на Ферари, Себастијан Фетел порачува дека е подготвен да даде се од себе за екипата од која ќе замине на крајот на сезоната.
„Не е тајна дека едвај чекаме да се вратиме, помина многу време. На почетокот уживав во паузата бидејќи многу патуваме и обично не поминуваме време со семејството. Меѓутоа време да се вратиме и подготвен сум да дадам се од себе и покрај тоа што нема да има навивачи. Ми се допаѓа патеката во Австрија“, изјави Фетел.
Првиот Формула 1 викенд сезонава почнa денеска со тренинзите на Спилберг. Квалификациите се закажани за во сабота, а Големата награда на Австрија ќе биде ден подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА