КЛ7 потпиша со кадетскиот репрезентативец Ѓорговски

Младиот стружанец Емилијан Ѓорговски, според многумина еден од најнадежните млади ракометари во Македонија, следните четири години ќе биде дел од новиот суперлигаш Голден Арт КЛ7.

18-годишниот Ѓорговски е кадетски репрезентативец на Македонија, кој своите почетоци ги имаше во школата на професорот Јаковче Матлиески, а од 2016 година е во КЛ7 Струга каде ги мина сите селекции од пионерска, преку кадетска до младинска категорија.

Ѓорговски како дете кое својот развој го имаше во КЛ7 Струга минатата натпреварувачка сезона 2018/19 учествуваше на три завршни турнири стигнувајќи и до шампионската титула во кадетска конкуренција. Оваа година ќе дебитира во Суперлигата бранејќи ги боите на КЛ7. Неговите години дозволуваат да настапува и за кадетската и за младинска екипа.

Се вчитува...