ВИДЕО: Шкендија објави дека Бесарт Ибраими и Алими остануваат верни на клубот

Шкендија со интересен видео-материјал официјално објави дека ја продолжи соработката со едни од најдобрите свои фудбалери во изминатата сезона, искусните Бесарт Ибраими и Арменд Алими.

И на двајцата договорите им завршија во јуни оваа година, но наспроти понудите од клубови од Албанија и од Косово, се одлучија да ги продолжат договорите со тетовските црвено-црни.

Претходно, договорите со клубот ги продолжија и Мевљан Мурати и Валмир Нафиу, а повратник во клубот е и македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи. Од позајмица е вратен Арленд Алити а соработката ја продолжи и Зија Мерџани.

Како што е познато клубот го напуштија Агим Ибраими, Марјан Радески, Самир Фазли, албанскиот интернационалец Гледи Мици…

Се вчитува...