Мајк Тајсон доби огромен број честитки од сите страни на светот за својот 54-ти роденден кој го прослави на 30. јуни. Но, посебно впечатлива е онаа од славната манекенка Наоми Кемпбел.
Наоми беше дел од бурниот живот на Тајсон. Во автобиографијата „Нераскажана приказна“ на неговиот пријател Рори Холовеј објавено е како имале жежок секс во тоалетот на еден ноќен клуб.
„Бевме заедно една вечер кога во клубот, во неверување, ја забележав Наоми Кемпбел. Во еден момент Мајк ми рече дека мора да оди до тоалет, а потоа веднаш по него тргна и Наоми. Јас потоа, по наредба, морав да чувам стража пред тоалетот додека не се заврши. А, беше навистина жестоко“ – раскажува Холовеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА