Актуелниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон бара 40 милиони фунти годишно за да се согласи на нов догвор со Мерцедес. Договорот на Британецот истекува на крајот од претстојната сезона и тој ваквиот услов ќе го изнесе кога ќе почнат сериозните преговор за продложување на соработката што се очекува да биде во следните неколку седмици.
Извор близок до возачот за британските медиуми потврдил дека, Хамилтон ќе бара покачување на платата од 34 милиони фунти годишно и ако го добие тоа ќе биде убедливо најплатениот возач во овој спорт.
Преговорите за новиот договор меѓу Хамилтон и Тото Волф се очекуваше да бидат и порано, но пандемијата на короавирусот ги одложи и стартот на сезоната и преговрите. Хамилтон е шесткратен Ф1 шампион, пет од трофеите освои како пилот на Мерцедес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА