Ривалите од Манчестер на готовс за Антоан Гризман

Францускиот интернационалец Антоан Гризман е на излезна врата од „Камп Ноу“ по разочарувачката сезона во дресот на Барселона која кулминираше и со жестока караница со тренерот Кике Сетиен. Тој го уфрли во игра Гризман во 90.минута на мечот против неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид, а тоа беше оценето како потценувачки потег од фудбалерот. Неговиот агент договори итен состанок со раководството на кој побара јасно да биде дефинирана неговата иднина во Барселона.

Хаосот на „Камп Ноу“ со внимание го следат гигантите од Премиер – лигата. Ривалите од Манчестер се подготвени да влезат во клинч за ангажман на одличниот Французин. Гризман минатото лето дојде од Атлетико Мадрид за сума од 120 милиони евра, па Јунајтед и Сити се надеваат дека Барселона ќе сака да се ослободи од него под истите услови.

Антоан Гризман оваа сезона одигра 32 натпревари во дресот на каталонскиот тим и постигна осум гола.

 

Се вчитува...