Партизан, и официјално, се раздели со Тринкиери

Партизан и официјално ја заврши соработката со тренерот Андреја Тринкиери кој меѓу „црно-белите“ беше 18 месеци, завршувајќи се две титули во Купот на Србија и еден АБА Суперкуп.

Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ информираше дека во текот на следната недела ќе биде промовиран новиот тренер.

Во сезоната до моментот на прекин поради коронавирусот Партизан беше на првото место во АБА лигата. Сепак, по паузата двете страни се одлучија на прекин на соработката.

„КК Партизан се заблагодарува на Андреја Тринкиери на целокупниот придонес за развојот на клубот изминатите 20 месеци и му посакува многу среќа во продолжението од кариерата“ – се вели во соопштението од КК Партизан.

Се вчитува...