Фенербахче е на чекор до доведување на одличен тренер на местото на Жељко Обрадовиќ, откако беше обелоденето дека се во завршна фаза преговорите меѓу турскиот гигант и актуелниот српски селектор Игор Кокошков. Србинот моментно е дел од НБА-лигата, по неуспешната авантура како прв тренер на Феникс сега е помошен тренер во Сакраменто, но е сериозно заинтересиран за враќање во Европа.
Според ЕСПН, тој начелно ги прифатил понудените услови, подготвен е за работа во Фенер и покрај значителното намалување на буџетот и во следните 24 часа би требало да потпише договор на три години со турскиот кошаркарски гигант.
Кокошков си создаде врвно реноме откако ја предводеше селекцијата на Словенија до златен медал на Евробаскет 2017. Тој од пред неколку месеци беше именуван за селектор на Србија, наследувајќи го на функцијата Александар Ѓорѓевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА