Охрид се засили и со Митрески и Дишлиевски

ФК Охрид за новата сезона во Втората лига – Запад, се засили со две нови имиња, чуварот на мрежата Оливер Митрески и офанзивецот Оливер Дишлиевски.

Митрески се враќа во Охрид од редовите на Лабуништа, каде и ја заврши сезоната. Охрид со доведувањето на Митрески го комплетира голманскиот ростер. Претходно во клубот пристигна Никола Симоновски а договорот го продолжи Стефан Ташкоски.

20-годишниот Дишлиевски кој потекнува од фудбалска школа на Академија Пандев доаѓа од редовите на Скопје.

Со доведувањето на Митрески и Дишлиевски, Охрид стигна до пет засилувања во летниот преоден рок. Нови играчи се уште Фатмир Ариф, Един Мерсовски, Никола Симоновски.

Се вчитува...