Рома е во безмалку очајна ситуација сезонава во Серија А. На клубот не му „цветаат ружи“, како на теренот така и надвор од него. Екипата бележи лоши партии, а клупското раководство ги загуби сите конци.
Факт е дека Џејмс Палота очајно бара купувач за клубот, но продажбата тешко оди. А, најтешко им е на навивачите кои очигледно повеќе немаат трпение за актуелната ситуацијат.
Фановите на Рома пред тренинг кампот испратија жестока пораки на сите во клубот.
„Раководство и фудбалери, каде е почитта кон нашите бои? Раководство отсутно, екипа без достоинство… Вие сте срам за овој град“ – испратија порака најверните навивачи на „волчицата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

