Раководството на професионалната американско-канадска хокеарска лига (НХЛ) ги договорија сите услови околу протоколот, кои ќе мора да се почитуваат како би можело таа да продолжи од 1. август.
Како стојат работите 24 екипи кои ќе учествуваат во проширениот плеј-оф, со кој ќе продолжи сезоната. Тимовите ќе ги отворат тренинг камповите на 13. јули, а секоја екипа на располагање ќе може да има до 30 хокеари и неограничен број на голмани.
Сезоната која ќе продолжи на почетокот на август, а ќе се игра во два града. Најголеми кандидати за одржување на завршницата во НХЛ се Торонто и Едмонтон, а сезоната според првичните предвидувања треба да заврши до октомври. Сите кои ќе бидат дел од завршницата, вклучувајќи ги хокеарите, тренерскиот персонал, но и сите вработени во клубот ќе бидат секојдневно тестирани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА