Нандо Де Коло и Јан Весели ќе останат во Фенербахче и во следната сезона и покрај шпекулациите за заминување на двоецот тврди специјализираниот портал „Еурохупс“. Де Коло потпиша 2+1 договор во 2019 година додека Весели е под договор со клубот до 2022 година. Според порталот останува неизвесна судбината на Костас Слускас.
Фенербахче доживеа голема промена откако си замина тренерот Жељко Обрадовиќ, а неговото место го зазеде Игор Кокошков кој многу веројатно во тимот ќе може да смета на Весели и на Де Коло.
Во сезоната 2019/20 Де Коло имаше просек од 15.9 поени и три асистенции по натпревар во за него дебитантската сезона за Фенербахче во Евролигата додека Весели имаше придонес од просечни 8.6 поени, 4.2 скока и од 1.6 асистенции по натпревар на 24-те средби од елитното натпреварување.
Неофицијално, на останување се согласил и Лео Вестерман, е Фенербахче е пред потпис и на првото летно засилување, Американецот Дешон Пјер од редовите на италијанскиот прволигаш Сасари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА