Вардар денеска ги официјализираше трансферите на двајцата хрватски ракометари, Анте Гаџа и Јосип Векиќ, кои во „пакет“ пристигнуваат во таборот на „црвено-црните“ од Загреб.
Гаџа ќе има одговорна задача да го надополни заминувањето на Сташ Скубе, додека двометрашот Векиќ е десен бек, за кого се очекува поголема минутажа во одбраната отколку во нападот.
„Црвено-црните“ потпишаа договор со уште еден хрватски ракометар, бекот Ловро Јотиќ кој експресно го раскина договорот со Бенфика откако ланската сезона бележеше одлични игри во дресот на Работник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

