Жерар Пике долги години е во брак со поп-ѕвездата Шакира, со која има и две деца, а асот на Барселона одлучи да открие на јавноста како успеал го освои срцето на прекрасната Колумбијка.
„Се запознавме во Мадрид, на снимањето на спотот за песната „Вака Вака“ пред почетокот на СП 2020 во Јужна Африка. Веднаш и го зедов телефонскиот број, а таа замина нешто порано за да пее на свеченото отворање. И пратив кратка порака какво е времето во Јужна Африка. Не знаев дали воопшто ќе ми врати, но веднаш стигна одговор – ладно е, понеси си капут“, открива Пике.
Комуникацијата продолжила и во наредните денови…
„Секој ден ми праќаше „романи“, со детали околу промените во температурите. Си помислив, оваа не е нормална… Се допишувавме за време на СП 2010, но за да се сретнеме требаше ние да играме во финалето. И реков дека сигурно ќе играме финале, само за да ја видам пак“, истакнува искусниот дефанзивец.
Се останато е историја, Шпанија играше во финалето, каде ја совлада Холандија, Пике го освои срцето на Шакира, а двојката има два сина, Милан и Саша.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА