Ростов излезе како победник од трката по Давид Тошевски, а рускиот клуб побрза да ги запознае своите навивачи со квалитетите на „македонското чудо од дете“, кое пристигнува од редовите на Работнички. На официјалниот јутјуб-канал на Ростов може да се проследи видео-компилација со настапите на Тошевски во дресот на Работнички и на младинската репрезентација на Македонија.
Тинејџерот (18 години) е голем талент за своја возраст, а во Ростов ќе добие можност за уште поголем напредок и настап во една од Топ 10 лигите во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА