Арсенал има за што да жали, Варди спаси бод за Лестер

Фудбалерите на Арсенал имаат за што да жалат откако не триумфираа на денешниот дуел против Лестер (1-1), меч на кој долго време имаа водство од 1-0 при кое промашија неколку извонредни шанси да постигнат и втор гол.

„Топчиите“ поведоа со погодокот на Обамејанг, по одличниот продор и асистенција на Сака. По тој водечки гол Арсенал имаше уште две-три стопроцентни ситуации да го зголеми водството, но Шмајхел бранеше извонредно. Ситуацијата на теренот целосно се смени откако Нкетиа во 75. минута (само четири минути по влегувањето во игра) поради еден груб старт на средината од теренот доби директен црвен картон.

Лестер тргна во целосна офанзива, по што „лисиците“ успеаја да стигнат до израмнување преку Варди на асистенција на Медисон. Екипата на Лестер со овој бод останува на четвртото место на табелата, со еден помалку од третопласираниот Челси и „плус четири“ во однос на Манчестер Јунајтед, кој в четврток ќе го игра својот меч од оваа 34. рунда, на „Вила Парк“ против Астон Вила.

Се вчитува...