Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски на крајот од сезоната си заминува од Удинезе, но ќе остане во Италија, пренесуваат италијански медиуми.
Како што пишуваат дел од италијанските медиуми, Несторовски најверојатно ќе го напушти Удинезе и ќе се пресели во Кротоне кој силно ги посакува неговите услуги.
Македонскиот офанзивец би се преселил во Кротоне само доколку клубот се избори за пласман во Серија А. Како опција постојат и уште два клуба, па и доколку го напушти Удинезе извесно би било останувањето на Несторовски на Апенините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

