Елмас потпишува нов договор: Во Наполи до 2025 година!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас по само една година во Серија А веќе добива нов договор од Наполи за продолжување на соработката.

Елмас на почетокот од сезоната за 16 милиони евра реализираше трансфер од Фенербахче во Наполи, а сега, како што пренесуваат италијанските медиуми, добива нов договор од „наполитанците“ со важност до јуни 2025 година.

Македонскиот фудбалер минува низ одлична сезона во Наполи, и покрај тоа што навивачите очекуваат и посакуваат далеку поголема минутажа за него во првиот тим. Досега има еден постигнат гол и една асистенција, но од клубот се максимално задоволно од начинот на кој ја игра својата прва сезона во најсилната лига во Италија. Елмас сезонава стигна и до првиот трофеј во својата кариера, Купот на Италија.

Според најавите, Џенаро Гатузо подготвува реконструкција на тимот за новата сезона во која Елиф Елмас би ја имал една од клучните улоги.

Се вчитува...