Докса го претстави Дамјан Шишковски

Дамјан Шишковски од денеска и официјално е нов член на Докса, откако македонскиот голман потпиша едногодишен договор со овој кипарски прволигаш.

Условите за соработка беа договорени уште пред извесно време, за денеска Докса да го официјализира доаѓањето на 25-годишниот Македонец, кој доаѓа од редовите на Работнички.

Сакаме да го објавиме почетокот на соработката со голманот Дамјан Шишковски. Тој ја почна кариерата во Работнички, а потоа настапуваше во Гент, Лахти и РоПС. Негова последна „станица“ беше Работнички. Шишковски ќе го носи дресот со број 1“, објави Докса на официјалната веб-страница.

Овој клуб беше убедливо последен ланската сезона во кипарскиот шампионат, но се спаси од испаѓање поради одлуката за прекин на сезоната, со која ниту еден тим не се пресели во втората лига.

Се вчитува...