Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед доколку го елиминира ЛАСК во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Башакшехир и Копенхаген. Ова го отвора патот за можно финале против италијанскиот калчолигаш Интер кој доколку го прескокне Хетафе го очекува дуел со подобриот од мечот Ренџерс – Баер Леверкузен. Победниците ќе играат во големото финале кое сезонава е закажано на стадионот во Келн, Германија.
1/4 финале
Волфзбург/Шахтјор – Ајнтрахт/Базел
ЛАСК/Манчестер Јунајтед – Башакшехир/Копенхаген
Хетафе/Интер – Ренџерс/Баер Леверкузен
Олимпијакос/Вулверхемптон – Севилја/Рома
1/2 финале
Олимпијакос/Вулверхемптон – Севилја/Рома – ЛАСК/Манчестер Јунајтед – Башакшехир/Копенхаген
Хетафе/Интер – Ренџерс/Баер Леверкузен – Волфсбург/Шахтјор – Ајнтрахт/Базел
Четвртфиналните натпревари се закажани за 10 август, полуфиналните средби ќе се играат на 16.август додека големото финале е закажано за 21. август во Келн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА