Шкендија ќе одигра пет контролни натпревари како дел од подготовките за новата сезона во која тетовци ги очекуваат и квалификации за Лигата на Европа.
„Црвено-црните“ ќе останат во Маврово до недела, кога ќе се вратат назад во Тетово. Токму в недела Шкендија ќе го одигра и првиот контролен натпревар, а противник ќе биде Вардар Форино. За 16 јули е закажано гостувањето во Гостивар, три дена подоцна Шкендија во Маврово ќе се сретне со Македонија ЃП.
Избраниците на Ѓока четвртиот контролен дуел ќе го играат на 24 јули во Тетово, а последната „контрола“ Шкендија ќе ја има на 1 август, со гостување во Штип против Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА