Македонскиот фудбалски прволигаш Македонија ЃП ги откажа пријателските натпревари против Работнички и против Академија Пандев, откако двајца фудбалери од тимот без позитивни на Ковид-19, а уште четворица се во домашна изолација. Следната недела „лавовите“ повторно ќе се тестираат, и тоа целиот тим.
„Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра состојба и истите немаа никакви симптоми изминативе денови. ФК Македонија ЃП ги откажува пријателските натпревари со ФК Работнички и ФК Академија Пандев се до следната недела кога ќе имаме повторно тестирање на целата екипа да потврдиме дека сите сме негативни. Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија! Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање“, истакнуваат од Македонија Ѓорче Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

