Фудбалерите на Брегалница, под водство на шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски, денеска во Пехчево ги почнаа подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток.
„Сините“, под идеални услови во спортскиот комплекс „Гогов“, ќе реализираат седумдневни подготовки како дел од првата подготвителна фаза. Нови имиња во редовите на штипјани се голманот Илче Петровски, офанзивецот од Плачковица, Андреј Кудијан, стоперот од Скопје, Антонио Митрев, како и досегашните фудбалери на Кит Го, Бојан Георгиевски и Александар Пановски.
Брегалница во Пехчево останува до 18. јули кога ќе биде одигран и првиот пријателски натпревар летово против Кит Го. Веднаш по тест дуелот со пехчевци на 18. јули екипата се враќа во Штип.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА