Шкендија ја откажа контролата со Вардар Форино

Шкендија нема да почне со подготвителни натпревари од викендов откако тетовскиот клуб објави дека го откажува контролниот дуел против Вардар Форино што требаше да се игра утре.

„Фудбалската Федерација на Македонија повторно ги разгледа протоколите за тренинзи и за контролни и официјални натпревари, предлагајќи задолжително тестирање на Ковид-19. Поради тоа утрешниот натпревар со Вардар Форино е откажан, а очекуваме останатите четири средби да ги одигра според претходно утврдениот план“, информираат од Шкендија.

Според овој план, Шкендија првиот меч ќе го игра на 16 јули против Гостивар, три дена подоцна на стадионот во Маврово ќе се сретне со Македонија ЃП, за 24 јули останува закажан дуелот со Работнички, а последната контрола во пресрет на стартот на сезоната тетовци ќе ја играат на 1 август во Штип против Брегалница.

Се вчитува...