Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски ја одбрани титулата на првиот УФЦ настап на островот Јас во Абу Даби, победувајќи го Макс Халовеј.
Волкановски ја продолжи извонредната серија од 22 победи во 23 професионални борби во својата прва одбрана на насловот во перо-категорија. Македонецот победи со поделена судиска одлука.
Иако Волкановски беше значително подобар во првите две рунди, тесно победи во третата, а потоа доминираше во последните две доволно да ја „украде“ победата и првпат во кариерата да победи со поделена одлука.
Волкановски појасот во перо-категорија го украде токму од Холовеј на крајот од 2019 година. За него ова е шести пораз од 27 професионални борби, а трет пораз во последните четири борби.
? @AlexVolkanovski keeps the belt! #UFC251 pic.twitter.com/a0wdLk1yPJ
— UFC (@ufc) July 12, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА