Собранието на ФФМ под максимални здравствени протоколи: Усвоени финансискиот извештај за 2019 и буџетот за 2020 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската федерација на Македонија, под максимално здравствени протоколи, го одржува Редовното годишно собрание во хотелот „Александар Палас“ во Скопје кое претходно во неколку наврати, поради пандемијата на коронавирусот, беше одложувано.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на почетокот од Собранието ги поздрави присутните нагласувајќи ги на почетокот успешните проекти на ФФМ изминатата година кои се мотив повеќе за дополнителен развој на фудбалската игра и во иднина.

На Собранието, по утврдувањето на кворумот – присутни 84 од вкупно 97 делагати, веднаш едногласно беа усвоени финансиските извештаи од минатата година, како и донесен буџетот за 2020 година. Највисокиот орган на ФФМ треба да го донесе и новиот формат на новата 2020/2021 сезона во Првата македонска фудбалска лига која ќе биде со 12 екипи.

 

Се вчитува...