Торник Шенгелија се соочи со критики од власта во Грузија поради тоа што потпиша за рускиот кошаркарски гигант, ЦСКА Москва. Неговата одлука за премин во Москва претседателката на државата, Салома Зубиришвили ја нарече неприфатлива. Сите напади кон искусниот кошаркар се поради конфликтот кој го имаат овие две држави поради спорните територии Абазија и Јужна Осетија. Шенгелија со емотивно писмо се огласи околу целата ситуација.
„Не се јавувам да би се правдал на било кој. Тешко е да се објасни нешто на личност која не сака да сослуша и има формирано мислење. Не можам да и објаснам на таа личност како се чувствував како дете кога се замислував како се наоѓам на теренот во дресот на репрезентацијата и ја слушам химната. Не можам да објаснам како изгледа да гледаш натпревар на репрезентацијата, а не можеш да играш, само затоа што трета или четврта страна така одлучиле. Не можам да објаснам колку бев горд кога како шампион на Шпанија го подигнавн грузиското знаме. Не можам да опишам колку сум среќен што овој клуб го почитува мојот патриотизам и ми дозволува да се најдам во репрезентацијата. Повторувам, јас, Торник Шенгелија, бев, сум и ќе бидам амбасадор на Грузија секаде, до последниот момент и ништо не може да го промени тоа“, истакна Шенгелија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА