Пол Еспаргаро ќе потпише двогодишен договор со Хонда, потврдија од јапонскиот производител. Еспаргаро по четири години ќе го напушти КТМ рејсинг и ќе премине во Хонда. Како што се навеудва во соопштението од јапонскиот тим, Еспаргаро ќе се обврзе на соработка со нив за 2021 и 2022 година, каде ќе биде совозач со актуелниот светски шампион Марк Маркез. Исто така во сателитскиот тим на Хонда, ЛЦР нов договор потпиша и братот на светскиот шампион, Алекс Маркез.
„Горд сум што го продолжив договорот. Хонда ми даде шанса да се натпреварувам во Мото ГП. Сакам да им се заблагодарам на сите на довербата. Единствено нешто што сакам е да дадам максимум сезонава“, изјави Алекс.
Од Хонда соопштија дека Карл Крачлоу ќе го напушти тимот на крајот од годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА