Саутемптон му украде бод во финишот на Манчестер Јунајтед (2-2). Избраниците на Оле Гунар Солксјер не смеат да бидат задоволни од конечниот резултат бидејќи до 95. минута имаа водство од 2-1. Гостите поведоа во 12. минута со голот на Армстронг, по големата грешка на Пол Погба. Сепак, избраниците на Оле Гунар Солксјер брзо се врати и за само три минути успеаја да стигнат до пресврт откако прво Рашфорд израмни во 20. минута, а потоа Марсијал во 23. минута донесе водство од 2-1. Во финишот Саутемптон беше подобар противнил. Прво, Давид де Хеа со одлична интервенција го спасуваше Јунајтед, но и одличниот Шпанец не беше доволен по корнерот во 95. минута по кој стрелаше Обафеми.
Со ремито Манчестер останува петти со исто бодови со четвртиот Лестер, но со полоша гол разлика. Челси е трет со бод повеќе од двата ривала. Саутемптон останува 12 со 45 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА