Адебајо Акинфенва, еден од најснажните фудбалери на светот, попознат како „Ѕвер“, синоќа беше ѕвезда на вечерта во Англија.
Неговиот Викомб избори историски пласман во Чемпионшиплигата откако во финалето од плеј-офот го победи Оксфорд со 2-1, а Акинфенва играше од 62. минута. Поради неговиот изглед од поодамна европските медиуми пишуваат за симпатичниот фудбалер кој приреди шоу на прославата на титулата на Викомб во Лига 1.
За Викомб, ова е прва промоција во Чемпионшип во 133-годишната историја на клубот.
„Ајде кажете ми што направивме сега ние?“ – возбудено Акинфенва им се обрати на новинари по крајот на синоќешниот дуел, а по добиениот одговор дека се пласирале во Чемпионшип, Акинфенва пресреќно дополни:
„Прво би се заблагодарил на Бога затоа што денеска ни го овозможи невозможното. А, пред четири години бев технички незапослен, луѓето ми се потсмеваа. Сега сум тука, и единствен кој може да ми се јави е Клоп – да славиме заедно. Пред четири години некои донесоа негативен суд за мене, а јас сега покажав дека единственото мислење кое навистина вреди е она кое го имате сами за себе. Имав среќа и благослов да пронајдам соиграчи и менаџер кои веруваат во мене и еве сум денес тука“.
4 years ago, Adebayo Akinfenwa thought his career might be over. Look what tonight meant to him.
Best. Interview. Ever.
(via @SkyFootball)pic.twitter.com/lfipqck42N
— ESPN UK (@ESPNUK) July 13, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА