„Фудбалерот ѕвер“ рече дека само Клоп може да му се јави, и веднаш доби повик… (ВИДЕО)

Викомб првпат во својата 133-годишна историја избори пласман во Чемпионшиплигата откако во финалето од плеј-офот го победи Оксфорд со 2-1. А, најомилениот играл на Викомб е Адебајо Акинфенва, најснажниот фудбалер на светот – човекот со кога поради неговите 110 килограми се потсмеваа пред четири години.

Секако, Акинфенва по крајо на мечот беше во фокусот на вниманието на медиумите…

„Прво би се заблагодарил на Бога затоа што денеска ни го овозможи невозможното. А, пред четири години бев технички незапослен, луѓето ми се потсмеваа. Сега сум тука, и единствен кој може да ми се јави е Клоп – да славиме заедно. Пред четири години некои донесоа негативен суд за мене, а јас сега покажав дека единственото мислење кое навистина вреди е она кое го имате сами за себе. Имав среќа и благослов да пронајдам соиграчи и менаџер кои веруваат во мене и еве сум денес тука“ – рече популарниот Адебајо.

И, неколку моменти подоцна доби повик од Јирген Клоп…

„Поздрав голем човеку и ти честитам. Го гледав натпреварот. Не го видов интервјуто по крајот на мечот, но ми се јави Хендерсон и ми кажа дека сакаш да ме слушнеш. И ете ме мене… Честитам. Секогаш бев сигурен дека си играч најмалку за Чемпионшип, и сега си конечно таму. Се надевам дека ќе најдете начин да го прославите успехот во овие чудни времиња“ – му порача Клоп на пресреќниот Акинфенва.

 

Се вчитува...