Сари: Овој Јувентус на моменти тотално ме збунува…

Јувентус синоќа по само 12 минути игра имаше водство против Сасуоло од 0-2, за да на крај спасува и пораз за конечни 3-3.

На пет кола до крајот во Серија А, „црно-белите“ имаат седум бода предност на врвот во однос на второпласираната Аталанта. Интер заостанува девет бода, но има и натпревар помалку кој вечерва го игра против СПАЛ.

„Тренерот од својот тим очекува конзистентност, а ние тоа го немаме ниту физички ниту ментално. Имаме одлични моменти, но и моменти кога овој тим тотално ме збунува. Не знам што да кажам… На моменти добивам впечаток дека овој тим има огромен потенцијал, а на моменти ме остава без зборови затоа што дозволува на противникот прелесно да се пробива до нашиот гол. Мора да пронајдеме рамнотежа, а тоа не е лесно“ – вели Сари.

Се вчитува...