Денеска во Скопје почина Драган Силјановски, претседател на Здружението РК Металург, еден од најголемите поддржувачи на клубот од Автокоманда и долгогодишен ракометен работник во Македонија.
„Од денес неговото столче ќе остане празно, на трибините и во Управата, но неговиот ведар дух засекогаш ќе остане меѓу нас, ќе бидеме уште посилни и посложни, за да може некаде од горе да се гордее со нас и да се радува на нашиот успех. Во името на РК МЕТАЛУРГ и во мое лично име изразувам најдлабоко сочувство до фамилијата за прераната загуба. Денес е тажен ден за нашиот колектив. Тажен ден е за мене, загубив верен соработник и пријател. Не морав да погледнам на трибините за да знам дека е тука. Неговото присуство уште долго ќе го чувствуваме. Саканите и почитуваните никогаш не умираат. Секогаш во нашето срце, Драгче!” – напиша претседателката на РК Металург, Зорица Блажевска.
Погребот на Силјановски ќе биде извршен во кругот на најблиското семејство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА