Сите успеси на Реал Мадрид во последните пет години се поврзуваат со името на Зинедин Зидан, феноменалниот Французин кој повторно најде начин да ја симне Барса од тронот на шпанскиот фудбал како што тоа го стори во 2017 година. Зизу во својата колекција на трофеи како тренер има и три титули во ЛШ, две во Супер-купот на Шпанија, две во Супер-купот на Европа и две како светски клупски првак со Реал Мадрид.
Кога тој си замина пред две години, тимот делуваше загубено, а токму со враќањето на Зидан се врати и победничкиот дух што го красеше најтрофејниот европски клуб сезонава.
Затоа, неслучајно Зидан е потенциран од сите како најзаслужен за оваа титула, 34. за Реал во Примера Дивизион. Го знаат тоа и фудбалерите, кои веднаш по мечот со Вилјареал го фрлаа во воздух легендарниот Зизу, кој знае како да го извлече максимумот од нив.
? ? ?#34Ligas | #RealFootball pic.twitter.com/15MnbPSacf
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) July 16, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

