Прволигашот Шкендија не ја продолжи соработката со Гледи Мици и Алдаир Нето, потврдија од клубот. Откако не успеале да се договорат со двајцата фудбалери, одлучено е двете страни да се разделат. Тетовци им се заблагодаруваат на Мици и Нето за придонесот во црвено-црниот дрес и им посакуваат многу среќа во понатамошната кариера.
Мици во Шкендија стигна во 2018 година од редовите на албанскиот Скендербег, а во кариерата настапуваше и за Кукеши, Фљамуртари, Камза и Аполонија. Нето со клубот од Тетово потпиша во зимскиот преоден рок и за клубот забележа само два настапи. Тој во Тетово дојде од Бангор Сити од Велс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА