Шпанскиот фудбалер Алваро Одриозола во една сезона успеа да освои две шампионски титули во најсилните европски лиги. Тој може да се пофали дека ги освои пехарите во Бундес-лигата и во Ла Лига во сезоната што изминува.
Алваро Одриозола ја стартуваше оваа натпреварувачка година како фудбалер на Реал Мадрид, а потоа се договори за преселба на „Алијанц арена“ како позајмен играч. На крајот од германскиот шампионат Одриозола ја крена во раце популарната „салатара“, пехарот наменет за победникот во Бундес-лигата, а ќе добие медал и од Ла Лига, затоа што беше дел и од составот на Реал Мадрид во тековната сезона во шпанското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА