Енис Барди одигра одличен натпревар за Леванте во Виго, со два гола носејќи му на својот тим триумф од 2-3 на гостувањето против Селта. Македонскиот ас беше избран за МВП на натпреварот, а денеска доби ново признание – место во идеалниот тим на ова 37. коло од Ла Лига.
Барди крај себе во средниот ред го има хрватскиот генијалец Лука Модриќ, заедно со Томас Парти од Атлетико Мадрид, додека во нападот е неговиот соиграч Борха Мајорал заедно со Бензема од Реал Мадрид и Асале од Леганес.
Нема сомнеж дека одличните игри на Барди придонесуваат да се зголемува и интересот за ангажман на македонскиот плејмејкер во текот на летниот преоден рок. Арсенал и Фиорентина засега покажуваат најсериозен интерес, а по одличните игри на Барди во последниот месец се очекува неговата цена да достигне и 20 милиони евра
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА