Шпанскиот фудбалер Феран Торес ќе биде ново засилување за Манчестер Сити за следната сезона, истакнуваат медиумите на Островот. Тој веќе ги договорил личните услови со раководството на „граѓаните“ и од Валенсија ќе се пресели во Премиер – лигата по завршувањето на оваа сезона.
Феран Торес блесна во дресот на Валенсија, беше желба на неколку големи европски клубови, пред се Јувентус, Интер и Атлетико Мадрид, но раководството на Манчестер Сити реагираше најбрзо и успеа да го договори неговиот трансфер. Валенсија треба да добие 30 милиони фунти отштета, а Феран Торес на „Итихад“ треба да го замени Лирој Сане кој прејде во Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

