Марк Маркес: Ќе се вратам подобар и посилен

Актуелниот Мото ГП шампион, Марк Маркес утре во Барселона ќе биде опериран за скршеницата на надлактицата која ја доби во тешкиот пад на четири круга пред крајот од воведната трка сезонава во „кралската класа“ која се одржа во Шпанија.

Тој веднаш беше одведен во медицински центар каде му беа направени испитувања, мобилизација и првична нега доби таму, а ќе го продолжи лекувањето во Барселона.

Според дел од полошите претпоставки кои ги изнесе еден од официјалните лекари на Мото ГП, Маркес можно е да ги повредил и нервите односно да има и парализа на радијалниот нерв, но за тоа засега нема потврда.

Маркес пак од друга страна е сигурен дека наскоро ќе се врати и ќе биде во формата од претходните сезони кога доминираше во натпреварувањето.

„Ќе се вратам подобар и посилен. Некогаш во животот се случуваат и работи кои не ги посакуваме. Но, кога ќе паднеш, треба да станеш и да се исправиш на нозе“, истакна Марк Маркес.

 

 

Се вчитува...