Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Добринко Илиевски е максимално задоволен од првата фаза на подготовките на тимот за новата натпреварувачка сезона.
По еднонеделните подготовки во Пехчево, тимот од вчера е во Штип каде ќе се продолжи со тактичко-техничките подготовки пред одигрувањето и на контролните натпревари.
„Успешно ја минавме првата фаза од подготовките во Пехчево каде имавме одлични услови за работа. Задоволен сум од текот на подготовките. Јасно е дека ќе се оди чекор по чекор кон темпирањето на формата за стартот на новата сезона, но очигледна е од почетокот желбата кај фудбалерите за максимален ангажман“ – вели Илиевски во изјава за официјалната интернет страница на клубот.
Формата ќе се темпира и преку неколку пријателски натпревари наредниот период. Беласица, Шкендија и Гостивар ќе бидат противниците на составот на Добринко Илиевски пред стартот на новата сезона во Втората лига – Исток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА