Новиот прволигаш Пелистер беше успешен во втората контрола од летните подготовки. Составот на Зоран Штерјовски го совлада второлигашот Вардар Форино со 3-1 во пријателски натпревар во Битола.
Борче Маневски во шестата минута донесе водство за битолскиот тим, а Вардар Форино успеа да израмни на 1-1. Во вториот дел Валентин Кочоски повторно донесе предност за Пелистер во 64.минута, а Анес Хот во 86.минута го постави конечниот резултат, 3-1. Претходно Пелистер беше поразен од Работнички со 2-0 на проверка во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

