Артета верува дека Обамејанг ќе остане во Арсенал

Менаџерот на Арсенал Микел Артета верува дека првата ѕвезда во клубот, Пјер Ерик Обамејанг ќе остане на „Емирати“ и следната сезона, пренесуваат англиските медиуми. Артета се сретнал со Габонецот каде му ги соопштил замислите за тоа во каков правец треба да се движи клубот и дека на него смета да биде лидер на новиот проект на „топчиите“.

Според актуелните услови Обамејанг во Арсенал заработува 180.000 фунти неделно, а тој сега ултимативно бара нов договор за да остане во клубот. Иако има 31 година, Габонецот од Арсенал бара нов тригодишен договор според кој неделно ќе заработува 250.000 фунти. Се очекува условите да бидат прифатени од клубот и тој да се обврзе на нов договор.

Обамејанг на „Емирати“ дојде во 2018 година од редовите на Борусија Дортмунд. За „топчиите“ тој досега запиша 83 натпревари на кои постигна 52 гола.

Се вчитува...