Биелса доби улица во Лидс по големиот успех и враќањето во Премиер – лигата

Аргентинскиот стратег Марсело Биелса, човекот кој го врати Лидс Јунајтед во Премиер – лигата по пауза од 16 години, доби улица во градот со своето име. По големиот успех тој и фудбалерите на Лидс се во фокусот во Јоркшир.

„Ова е фантастичен момент за градот и пресреќни сме што Лидс се врати во Премиер – лигата. Поради брзината со која менаџерот ги напредна работите во клубот ги заслужува сите честитки. Затоа сме пресреќни што оваа улица можеме да ја преименуваме во Патот на Марсело Биелса“, изјави Дејвид Медисон, директорот на трговскиот центар Тринити во Лидс кој го прогласи преименувањето на улицата.

65-годишниот Аргентинец го презеде Лидс Јунајтед минатата сезона и експресно го врати во елитата на англискиот фудбал.

 

Се вчитува...