Шампионот во Мото ГП, Марк Маркез е успешно опериран денеска во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Маркез заработи скршеницата на надлактицата која ја доби во тешкиот пад на четири круга пред крајот од воведната трка сезонава во „кралската класа“ која се одржа во Шпанија.
За среќа тој нема повреда на нервите и поради тоа неговото опоравување ќе оди побрзо од очекуваното. Тој ќе ја пропушти втората трка од шампионатот која исто така ќе се вози во Херез, но ќе биде подготвен за Големата награда на Чешка која ќе се вози на 9. август на Брно.
Повредата ќе значи голема пречка за Маркез во одбрана на титулата бидејќи ќе има две трки негатива зад конкурентите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА