Партнерката на Кристијано Роналдо конечно ја постигна целта со бројните фотографии на социјалните мрежи. Таа постојано објавува провокативни фотографии и видеа и на Инстаграм има 19,4 милиони следбеници. Затоа компанијата „PrettyLittleThing“ реши да ја ангажира за заштитно лице за оваа социјална мрежа.
Се тврди дека се работи за вносен договор од кој Георгина добро ќе заработи. Шпанката која е една од најпознатите „фудбалски сопруги“ во светот и се приклучува на Кортни Кардашијан меѓу амбасадорките на овој познат бренд.
Георгина му стана партнерка на Кристијано Роналдо во 2016 година кога се сретнаа во продавницата на Гучи каде што таа беше вработена. Таа често изјавува дека средбата со фудбалската ѕвезда била „љубов на прв поглед“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА