Бизарни сцени на натпреварот меѓу Аталанта и Болоња во 35. коло од Серија А. Во првиот дел откако тренерот на домашните Гасперини приговараше покрај аут-линијата на гостинските фудбалери, потполно полуде тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ кој почна да „урла“ на колегата од спротивната страна.
„Еј, Гасперини. Кој к.. зборуваш со моите фудбалери? Зборувај со своите. Кој к.. се мешаш кај моите? Немој да ми го др..ш! Остави ги моите фудбалери на мир“ – викаше Михајловиќ покрај аут-линијата.
Ситуацијата меѓу двајцата ја смирува судијата Федерико Ла Пена кој на двајцата им дава жолт картон, а Михајловиќ тогаш се обраќа до него дека треба да го исклучи Гасперини. Судијата на тоа му покажува втор жолт на Гасперини, на што сега полудува тренерот на Аталанта:
„Зошто? Што правиш?“, па заминувајќи од теренот повторно дофрлувајќи и до Михајловиќ.
#Gasperini vs #Mihajlovic a tutto volume in #AtalantaBologna pic.twitter.com/GtIVIanvOL
— Marco Conterio (@marcoconterio) July 21, 2020
По натпреварот Синиша Михајловиќ за своето однесување ги обвини бизарните околности во кои се завршува сезоната во Серија А, играњето без публика поради што се слуша секој звук од теренот и околината.
„Ваква атмосфера не е нормална. Изедов пола кило муви, не е ниту чудно дека така реагирав. Гасперини не смее да си дозволи така да се однесува кон мојот тим. Затоа полудев, и реагирав без почит. Замислете, кон моите фудбалер впери прст. Да го впереше кон мене ќе останеше без него“ – рече Михајловиќ по синоќешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА