Еден од најстарите македонски фудбалски колективи, ФК Тетекс од Тетово повторно се враќа во Втората лига. По една сезона мината во третолигашката конкуренција „штофарите“ следната сезона ќе играат во Втората лига – Запад откако реализираа фузија со ФК Лабуништа.
Лабуништа пред два месеци остана без главниот финансиер отворено најавувајќи дека не планира натпреварувањето во второлигашката конкуренција. Сето тоа го искористи Тетекс успешно договорајќи се со Лабуништа за добивање на лиценцата, преку фузија, за настап во Втората лига.
Промената веќе е извршена и во Централниот регистар при што, согласно позитивните законски нормативи, до крајот на годината клубот во Втората лига – Запад ќе се натпреварува под името ФК Лабуништа 2011 Тетово, а веќе од јануари ќе може да се преименува во ФК Тетекс 1953 – Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА