Џенова оствари круцијална победа (1-2) во градското дерби против Сампдорија и направи голем чекор кон опстанокот во Серија А. Тоа е втор триумф во низа за тимот на Горан Пандев кој беше стартер на денешниот меч.
Доменико Кришчито од пенал ја доведе Џенова во водство во 22.минута, но израмни Маноло Габијадини десет минути подоцна. Победничкиот гол беше дело на Лукас Лерагер во 72.минута од дуелот.
Сепак, победи и Лече, директниот ривал на Џенова за опстанок. Лече славеше над Бреша со 3-1.
Рома беше убедлива против последнопласираниот Спал и победи со 1-6, а Интер ремизираше без голови дома против Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА