Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез само неколку дена по операцијата по страотниот пад на трката за ГН на Шпанија во Херез ќе се врати на патеките, пренесуваат од Хонда. Шпанецот доживеа скршеница на раката на првата трка сезонава, поради која првичните најави беа дека најрано би можел да се врати на почетокот на август во Брно, Чешка.
„Четирикратниот светски шампион во Мото ГП ќе биде на патеката во Херез само три дена по операцијата“, стои во соопштението од Хонда.
Марк Маркез и покрај повредата се уште е прв фаворит за одбрана на титулата од минатата сезона, но очигледно е поради заостанувањето по првата трка и помалиот број на трки поради пандемијата од коронавирусот, задачата годинава ќе му биде далеку потешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА