Проблеми во италијанската репрезентација: Манчини поради Липи заминува од селекторската функција!?

Роберто Манчини би можел да ја напушти селекторската функција на Италија на само нешто повеќе од еден месец пред почетокот на Лигата на нациите.

Сериозно е нарушен односот на Манчини со раководството на Италијанската фудбалска федерација поради тоа што челниците, без знаење на селекторот, одлучиле да го ангажираат легендарниот Марчело Липи како технички директор на репрезентацијата.

Манчини нема никакви лични проблеми со Липи, но е навреден поради тоа што воопшто никој со него не разговарал околу тоа и поради одземањето на ингеренциите. Во иднина околу одлуки поврзани со репрезентацијата ќе се прашува и Липи. Исто така, Марчело Липи ќе биде на клупата на националниот тим заменувајќи еден член од стручниот штаб на Манчини.

„Кориере дело спорт“ тврди дека навредениот Манчини се заканил со заминување од клупата на националниот тим. Веќе има неколку понуди од Англија.

Се вчитува...